ГЕРМАНСКИОТ НОВИНАР ШТО ГО ИНТЕРВЈУИРАШЕ БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР, ШОКИРАН ОД КАЖАНОТО: Бугарија прави сѐ за да го загуби пријателството со Македонците

0
2411

Михаел Мартенс, авторот на интервјуто со Бојко Борисов за германски Франкфуртер Алгемајне Цајтунт, по неговото објавување и реакциите во македонската јавност на својот твитер профил укажува дека со своето однесување, Бугарија прави сѐ за да го загуби пријателството со Македонците.

„Со мудрата политика од 1991 година, Бугарија беше во најдобра позиција да ги направи Македонија и Македонците најблиски соседи и пријатели. Наместо тоа, Бугарија сега прави сѐ за да се оттуѓи од својот потенцијален сојузник со покровителство и понижување. Тоа е сигурен пат да ги загуби пријателите“, вели Мартенс.

Германскиот новинар Михаел Мартенс е исклучителен познавач на состојбите на Балканот. Тој е долгогодишен дописник од регионот за највлијателниот германски весник Франкфурер Алгемајне Цајтунг.