ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА ХОЛШТАЈН УТРОВО ОТКРИ ШТО СЕ КРИЕ ЗАД ПОСЕТАТА : ШЕФОТ НА ПОРТУГАЛСКАТА ДИПЛОМАТИЈА СИЛВА И ЕВРОКОМЕСАРОТ ВАРХЕЈИ УТРЕ ВО СОФИЈА И СКОПЈЕ

0
2478

Информацијата дека шефот на португалската дипломатија и еврокомесарот заедно ќе ги посетат Бугарија и Северна Македонија дополнително и додава на тежина и значење на посредничката мисија, бидејќи станува збор за координирана активност на актуелниот претседавач со Советот на ЕУ и Европската комисија

Премиерот Заев вели дека од Силва и Вархеји очекува да „соопштат решение на кое работат веќе пет-шест месеци“, кое би довело до усвојување на Преговарачката рамка и закажување на првата Меѓувладина конференција Министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва, утре за време на посетите на Софија и на Скопје, ќе биде придружуван од еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, дознава „360 степени“.

Оваа информација дополнително и додава на тежина и значење на посредничката мисија, бидејќи станува збор за координирана активност на актуелниот претседавач со Советот на ЕУ – Португалија, и Европската комисија.

Инаку утрово на прес по повод германска донација за македонското здравство, на новинарско прашање, германската амбасадорка Анке Холштајн откри една пикантерија која не беше позната за јавноста а која фрла светло за најавената посета на Софија и Скопје на португалскиот министер за надворешни.

– Португалија спрема рамковна спогодба меѓу Бугарија и Северна Македонија за почеток на преговорите со ЕУ на вашата земја, ќе видиме дали таа спогодба ќе биде прифатена од Бугарија со оглед на тоа што таму сега има техничка влада… – рече амбасадорката Холштајн.