ГЕРМАНИЈА, ФРАНЦИЈА, БУГАРИЈА, ИТАЛИЈА И ШПАНИЈА ЌЕ ПРОДОЛЖАТ СО ВАКЦИНИРАЊЕ СО КОВИД ВАКЦИНАТА НА „АСТРАЗЕНЕКА“

0
952

Бугарија ќе продолжи со вакцинирањето со вакцината на „АстраЗенека“ веќе од утре. (Фото: ЕПА)

Италија, Франција, Германија, Шпанија и Бугарија објавија дека ќе продолжат имунизација со вакцината против ковид-19 на Оксфорд и „АстраЗенека“, откако денеска Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека е безбедна и ефективна и нема никаква врска со зголемен ризик од појава на тромбоемболични настани, како згрутчување на крвта. Италија, Фрнација, Германија, Шпанија и Бугарија ќе продолжат со вакцинирањето од утре, а Шпанија, Португалија и Холандија од следната недела.

ЕМА направи проценка на безбедноста на употребата на оваа вакцина откако 13 држави од ЕУ привремено престанаа да ја користат поради загриженоста околу несакани ефекти, односно поради извештаите дека таа предизвикува тромбоза, што довело и до неколку смртни случаи.

Бугарија ќе продолжи со вакцинирањето со вакцината на „АстраЗенека“ веќе од утре. Шефот на Бугарската здравствена агенција кажа дека истрагата за смртта на една жена која починала откако се вакцинирала со „АстфаЗенека“ не утврдила директна врска со имунизацијата.

Бугарија има околу 100.000 дози од оваа вакцина, што ги доби пред привремено да го стопира вацинирањето минатиот петок. Со 350.700 вакцинирани од 7 милиони луѓе, Бугарија е земја со најмалку вакцинира и во ЕУ.

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги повика земјите да продолжат да ја користат оваа вакцина, а ќе го објави и извештајот од своето испитување.