ГЕРМАНИЈА ГО ПОФАЛИ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ : Македонија правилни го дијагностицира коронавирусот

0
1791

Лабораторија во Германија ги проверила резултатите од тестовите за коронавирусот кои се направени во Институтот за јавно здравје во Македонија и вирусолозите ги потврдиле нашите анализи.

– Новина е дека вчера стигнаа контролите од Германија, каде ги потврдиле сите негативни и позитивни тестови на коронавирусот, што е потврда за точноста на работата на лабораторијата во Институтот за јавно здравје. Нема нови пациенти кои се тестираат на присуство на коронавирусот, а заболената пациентка е во добра состојба. Набавката на дополнителната заштитна опрема е во тек, за да се надополнат нашите резерви. А дезинфекционите средства утре ќе се достават до основните училишта – рече министерот за здравство, Венко Филипче кој денеска со техничкиот премиер Оливер Спасовски, ги посети вработените на граничниот премин Табановце.

Целта на посетата е да се види дали припадниците на Царинската управа, МВР и вработените во Центарот за јавно здравје се соочуваат со некакви проблеми.

– Овој премин е најфеквентното место каде влегуваат патници од Северна Италија. Гледаме дека работата тече одлично, се почитуваат сите насоки од Кризниот стаб за коронавирусот, се прави епидемиолошка анкета на секој патник и ако истата е позитивна, лицето се упатува кај епидемиолозите. Сметам дека има одлична координација меѓу вработените на граничниот премин и лекарите од Центарот за јавно здравје во Куманово – нагласи Филипче, кој освен на вработените, изрази благодарност за сите медиуми за навремено и точно информирање на јавноста за коронавирусот