ГЕРМАНИЈА ГИ ЗАБРАНУВА ДИЗЕЛАШИТЕ: ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ПОЕВТИНАТ ГЕРМАНСКИТЕ АВТОМОБИЛИ

0
2300

Сојузниот суд во Лајпциг пресуди да градовите во Германија можат да забранат возење на дизелаши поради прекумерно загадување на воздухот.

Бројот на регистрации на нови возила со дизел мотори континуирано опаѓа.

Во Германија 1.1.2017 биле регистрирани околу 45 милиони автомобили. Две третини од нив биле бензинци, а една третина дизелаши.

Бројот на возила со алтернативни погони како хибриди е речиси занемарлив.

Скандалот со манипулациите на тестовите на дизел моторите има повеќе од сериозни последици. Довербата во автомобилите „Made in Germany“ опаѓа, јави Дојче Веле.

Нешто повеќе од половина од граѓаните веќе ја изгубиле довербата, а 2/3 од испитаниците (67 отсто) сметаат дека политиката премногу и попушта на клучната автомобилска индустрија.

Со самото тоа што побарувачката на дизел возилата опаѓа, се намалуваат и цените на дизелашите.

Цените значително опаѓаат, се работи за попусти од 20 до 30% на дизел возила со тип на мотор Еуро 4 и Еуро 5, додека кај Еуро 6 се уште не е забележано намалување на цените, но и тоа е можно откако повеќе германски градови ќе ги забранат дизелашите.