ГЕРАСИМОВСКИ : ПОДОБРИ УРБАНИСТИЧКИ И ИНФРАСТРУКТУРНИ РЕШЕНИЈА СЕ ГЛАВНИТЕ БАРАЊА НА ГРАЃАНИТЕ ВО ЦЕНТАР

0
454

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска имаше отворен ден со 50 граѓани на општината. Нивните барања во најголем дел се однесуваа на обезбедување на подобри урбанистички и инфраструктурни решенија.

„На денешниот отворен ден со граѓаните разговарав за нивните потреби кои во најголема мера се однесуваат на подобри урбани и инфраструктурни проекти. Општина Центар веќе работи на подобри решенија и со истите ги запознав денеска граѓаните. Овие лични средби се одлична можност за спознавање на реалната слика и потребите на граѓаните. Ние како општина сме тука да одговориме на истите за да обезбедиме подобри услови за живот на сите жители на Центар“, изјави Герасимовски.