Георгиевски: Нема депонија во Стајковци, туку урбано среден простор, залудни се лагите и заканите на ВМРО – ДПМНЕ

0
1063

2,5 години Гази Баба се грижи за чистотата во општината. Тоа го докажавме со решавање на проблемот со диви депонии на повеќе локации,  кои беа посочени како критични точки.

Овој пат, просторот кој се наоѓа покрај обиколницата во Стајковци, кој долго време беше дива депонија и целосно запуштено место, општината преку ЈКП Гази Баба , овој период ја чистевме повеќе од пет пати.

Просторот е расчистен од отпадот и е поставена нова земја, како и осветлување и урбана опрема, а засадивме и 20 јавори. 

Искрено жалам што овој проект токму претседателот на Советот на општина Гази Баба, Тони Бојковски наместо да го поздрави, се обиде во негов стил насилно и со закани да го стопира, па дури и да исценира лажна приказна дека се создава депонија, се со цел да претстави една лоша слика за мене и моето работење, за манипулација на народот која би му донела некој ситен политички поен. Се обиде и да ги спречи лицата кои работеа на проектот, иако неговата надлежност, како претседател на Советот, не го дозволува тоа.  

Остро го осудувам однесувањето на Бојковски и нема да дозволам мојот труд да се девалвира со лаги и манипулации, а освен тоа жителите ова можат многу лесно да го проверат и сами да се уверат дека овде депонија нема, туку напротив, имаме нов уреден простор кој сите треба да го чуваме.

Граѓаните на општина Гази Баба пред две години на локалните избори рекоа не на лагите и заканите. Затоа залудни се сите закани и лажни приказни. Нема да не исплашат, ниту да не одвратат од намерата Гази Баба да биде еколошка општина, со чиста животна средина.

Позитивните проекти продолжуваме да ги реализираме во интерес на сите граѓани.