Георгиевски : Извршивме увид во изградбата на вакуум канализацијата во Јурумлери, заврши првата фаза од проектот

0
1118

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски денеска заедно со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски направија увид во градежните активности каде констатираа дека е завршено поставувањето на вакуум станицата во Јурумлери, која е прва фаза од овој проект и која е прва ваква станица во државава.

Георгиевски пред присутните посочи дека досега е изведена вакуум фекална канализациона мрежа во должина од 3 километри во ова населено место, а поставени се 70 шахти.

  • Со изградбата на вакуум станицата решаваме еден од најголемите проблеми со кој жителите се соочуваа со години а целта е да добијат достојни услови за живот и повеќе да не се мачат со септички јами. Работиме совесно и ефикасно и секоја улица каде работевме, веќе е тампонирана, а откако ќе бидат поставени приклучоци до сите домаќинства, улиците веднаш ќе бидат асфалтирани. Следна фаза каде ќе се работи е Дунак маалото и изградба на пречистителната станица покрај Вардар, посочи Георгиевски.

Овој проект е најголем капитален проект во општина Гази Баба кој вкупно чини 152 милиони денари.