ГЕОРГИЕВСКА : СЕ ШТО МИЦКОСКИ КАЖА ЗА ЕНЕРГЕТИКАТА, ИЗЛЕЗЕ ПОГРЕШНО!

0
483

Изјава за медиуми, Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Во ек на глобална економска и енергетска криза јавноста, граѓаните, се изнаслушаа изјави и прогнози од страна на Христијан Мицкоски и сите тие се покажаа неточни.

Сè што Мицкоски кажа за енергетиката, излезе погрешно.

Прво Мицкоски со месеци ја плашеше јавноста со наводен недостиг на енергенси за домашниот енергетски сектор.

Уште минатата година лажеше дека нема јаглен доволно во земјатава или поточно дека има уште за два дена.

Оттогаш, поминаа точно 392 дена, јаглен има доволно а термоелектраните го зголемија производството за 25 отсто.

Второ, Мицкоски велеше дека немаме доволно струја од домашно произвдоство.

Сосема спротивно, АД ЕСМ произведува струја која во целост, 100% ги покрива потребите за струја.

Домаќинствата, малите потрошувачи се снабдуваат со 100 отсто домашна, македонска струја, со што се зајакнува енергетската независност на државата и се штедат пари затоа што нема скап увоз.

Со месеци Мицкоски повикуваше да се набави гас за целата грејна сезона, во период кога цените на овој енергенс рушеа рекорди.

Доколку се набавеше гас во изминатите неколку месеци за целата грејна сезона, ќе се платеа 100 милиони евра плус сметајќи по сегашната цена на берзите, а која и натаму паѓа.

Одлуката на Владата, економските ресори и АД ЕСМ да не се набавува во тој период за цела сезона, даде резултат.

Истовремено, со договорот за интерконекторот кој беше потпишан со Бугарија, ќе ни овозможи поголема понуда и поголема конкурентност во снабдувањето со гас од 1 јануари 2023година

Ете колку нема познавање Мицкоски од енергетика, се што тој кажа и предвидуваше, на крајот излезе погрешно.

Мицкоски уште еднаш покажа дека не се разбира во енергетика. Може и треба да учи од Ковачевски.