ГЕНЕРАЛ СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ : 20 МЕТАРСКАТА КУЛА НА УЧК И БОРБАТА ЗА ТРАЕН МЕЃУЕТНИЧКИ МИР

0
1691
Свеченото отворање на 20 метарската спомен кула на УЧК во Липково на кое присуствуваа и Али Ахмети, Талат Џафери, Артан Груби, Фатмир Бесими, Бујар Османи и други високи претставници на владата, собранието и на ДУИ, колку и да не му се допаѓа некому, треба да биде пример за Македонскиот државен и политички врв, како треба да се чевствуваат македонските Бранители од 2001-та кои го дадоа својот живот бранејки ја татковината. Чевствување на загинатите но и почит кон ранетите, трауматизираните и сите останати македонски Бранители кои на било кој начин и во било кој обем учествуваа во одбраната на Македонија во 2001 година.

За разлика од овој нов споменик на УЧК кој се наоѓа некаде далеку во Липковско, ние, македонските Бранители од 2001-та, имаме достоинствен и репрезентативен споменик во строгиот центар на Скопје, во непосредна близина на македонското Собрание и скопскиот плоштад.

Останува уште, на овој наш споменик на Бранителите од 2001-та, да се поклонат и претставници на највисокиот македонски државен и политички врв.
Затоа, повикувам да не се крева непотребна меѓуетничка тензија поради новиот споменик на УЧК бидејки јас, како непосреден учесник во одбраната на Македонија во 2001-та, можам само да им

честитам

на наследниците на УЧК -ДУИ, за почитта која ја покажуваат кон загинатите од нивните редови.

Тие нека си ги чевствуваат нивните, ние да си ги чевствуваме нашите загинати а сите заедно да дадеме се’ од себе во Македонија никогаш повеќе да не ни се повтори војна и конечно да завладее целосен меѓуетнички мир.

За крај да потсетам дека во Македонија има безмалку стотина достоинствени споменици, спомен обележја како и значајни објекти кои ги носат имињата на загинатите македонски бранители од 2001-та.

Фејсбук статус на Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов.