ГЕНЕРАЛ АНГЕЛОВ: ТРЕБА ДА УЧИМЕ ОД ХРВАТСКА КАКО ДА СЕ ГРИЖИМЕ ЗА НАШИТЕ ВОЕНИ ВЕТЕРАНИ

0
1284

Како Национален координатор за воени и полициски ветерани, денес, заедно со амбасадорот на РС Македонија во Хрватска Назиф Џафери, одржавме официјална работна средба со државниот секретар Невенка Бекич како и неколку началници на клучните сектори во хрватското Министерство за бранители.

Хрватскиот модел на грижа за бранители е автохтон и единствен по неговата димензија, сеопфатност и функционалност. Ваквата состојба пред се’ се должи на односот на државата и граѓаните кон нејзините брнители, но и на самите бранители кои покрај почитта која ја добиваат затоа што ја бранеле својата татковина воедно претставуваат и значаен политички фактор.

Колку за споредба хрватското Министерство за бранители има околу 300 вработени службеници од најразлични области.