Генерал Ангелов: Не постои одлука на обвинителството за неемитување на снимките, вечерва во 19 часот пред МРТВ, дојдете само 1.000 да видите како се руши режим!

0
1205

aangelov mtv 5

Не постои одлука за забрана на емитување на снимките од МРТ, туку само препорака во вид на соопштение кое е нејасно и нелегитимно. Ова го тврди лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов кој изутринава одржа средба со Генералниот Секретар на Јавното Обвинителство и најави дека вечерва во 19 часот продолжува протестот пред МРТ па пред обвинителството, а во 13 часот ќе достави официјално барање до ЈО со пет точки:

1)Барање за средба со нелегитимниот Јавен Обвинител на која ќе го предупредиме дека со непреземањето на дејствија против сторители на тешки кривични дела од областа на организираниот криминал (претседателот на Владата, министри во владата и други високи функционери) може да сноси кривична одговорност за Злоупотреба на службената положба и овластувања, дело за кое се заканува повеќегодишна затворска казна. Воедно ќе го повториме нашето барање веднаш да си даде оставка;

2)Барање да не известат дали навистина постои Одлука на ЈО за забрана за јавно објавување и емитување на разговорите кои ги објавува опозицијата, бидејки на официјалната интернет страна на ЈО нема таква Одлука. Постои само соопштение од 03.02.2015 година кое е целосно нејасно и нелегитимно бидејки во самото соопштение не постои образложение врз основа на која Одлука на ЈО се заснива самото соопштение;

3)Доколку навистина постои Одлука на ЈО за забрана за јавно објавување и емитување на разговорите кои ги објавува опозицијата, врз основа на кој член, од кој закон, е заснована таквата одлука?

4)Дали, доколку навистина постои таква одлука, ЈО презело мерки против медиумите кои не ја почитуваат одлуката и доколку не презело, зошто не презело (ТВ Алсат, ТВ 24 вести, ТВ Телма и многу други медиуми во нивните инфортмативни емисии во повеќе наврати објавуваа делови од разговорите кои ги објавува опозицијата)?

5)Доколку навистина постои, бараме итноповлекување на спорната Одлука на ЈО, бидејки е во спротивноsт со пресудите на Европскиот суд за човекови права Observer and Guardian против Обединетото Кралство од 1991 година и Vereniging Weekblad Bluf против Холандија од 1991 година, со кои се постави принципот дека, откако ќе се дадат во јавноста, информациите за националната безбедност не може да се забрануваат или авторите да се казнуваат за нивното испраќање, а токму разговорите кои се предмет на можна забрана (доколку навистина постои ваква Одлука) од повеќе домашни но и странски медиуми се повеќекратно објавени.

ДА СЕ СОБЕРЕМЕ ВЕЧЕРВА ВО 19.00 ЧАСОТ ПРЕД МРТВ ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ!!! ОТТАМУ ЌЕ ОТИДЕМЕ ПРЕД ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО! ДОЈДЕТЕ САМО 1.000 ДА ВИДИТЕ КАКО СЕ РУШИ РЕЖИМ!!!

Скопје, 17.03.2015 година
Генерал Стојанче Ангелов