ГЕНЕРАЛОТ СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ ДОНЕСЕ ЈАПОНСКА ПЛАТФОРМА : ЦУК – КРЕДИБИЛЕН И ПРОВЕРЕН ПАРТНЕР ЗА СОРАБОТКА СО АГЕНЦИЈАТА ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА ЈАПОНИЈА, А И СО ДРУГИ МЕЃУНАРОДНИ ФАКТОРИ ЗА МЕНАЏМЕНТ СО КРИЗИ

0
571

Ова големо признание и награда од Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA – „Џајка“) – истакна Ангелов – доаѓа во период на мојот мандат како директор на Центарот за управување со кризи, но резултатите се постигнувани перманентно во текот на една деценија, што потврдува дека ЦУК навистина поседува капацитет што резултира со вакви успеси и заради тоа преставува кредибилен и проверен партнер за секоја понатамошна соработка, како со „Џајка“, така и со други релевантни меѓународни фактори“. Тоа, меѓу другото, беше речено на денешното свечено доделување на награда „Лауреат на на годината“ од Претседателот на Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија. Во ЦУК, главниот претставник на Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA), од Балканската канцеларија од Белград, г-дин Џиро Такеичи му ја врачи наградагта и признанието на д-р Стевко Стефаноски, раководител на Сектор за аналитика, процени и стратешко планирање во ЦУК, во присуство на директорот Стојанче Ангелов и заменикот директор Екрем Зендели и колеги од ЦУК.

За време на средбата, со г-дин Такеичи, беше нагласена важноста од долгорочната соработка помеѓу ЦУК и „Џајка“, што е започната пред нешто повеќе од 10 години. Во овој период се имплементирани повеќе проекти, како проектот за Интегриран систем за превенција и рано предупредување за шумски пожари (МКФФИС) во периодот 2011-2014, потоа Регионалниот проект за земјите од Западен Балкан (2015-2017), со што ние од приматели на техничка помош прераснавме како ЦУК и држава во провајдери на знаења и добри практики во регионот, и секако тековниот Еко-ДРР проект за стратешко спречување поплави со пошумување, којшто започна во 2017 година, а со потпишаниот Анекс ќе трае до крајот 2023 година.

Ангелов потенцираше дека наша посебна гордост е тоа што со нашите резултати придонесовме JICA да ја прошири соработката во Косово и Црна Гора, со можност за вклучување и на други земји од Регионот, каде што и ја продолжуваме нашата соработка со „Џајка“.

Инаку, сите овие наведени проекти, од иницијатива до реализација ги раководи д-р Стевко Стефаноски, кој е во ЦУК од самото негово формирање. Преку реализацијата на проектите кои се поддржани од „Џајка“, Центарот за управување со кризи се стекна со значителен напредок во јакнењето на своите капацитети, посебно во примената на современа Информатичка технологија и ГИС алатки, со што ЦУК ја започна дигитализацијата на националниот систем за управување со кризи и намалување на ризици од катастрофи, уште со првиот проект во 2011 и оттогаш во континуитет таа подршка се оддржува.

Оваа награда претставува посебна сатисфакција за д-р Стевко Стефаноски, но истовремено е и големо признание за Центарот за управување со кризи, институција која посебно ја негува догорочната соработка со JICA и се гордее со неа – потенцираше Ангелов.