Генералниот секретар Николовски: Штип останува во сигурни раце со доктор Николов, во недела гласајте за број 2!

0
682
Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во вечерашното вклучување во живо на социјалните мрежи ги повика граѓаните на Штип в недела да гласаат за доктор Сашко Николов затоа што само со него Штип останува во сигурни раце.
Генералниот скретар Николовски истакна дека СДСМ и преку централната и локалната власт во последните три години инвестирала многу во општина Штип и нејзините граѓани и дека тоа ќе продолжи по победата на Николов на изборите на 13 декември.
– Забрзано се гради експресниот пат Штип-Радовиш, се доврши изградбата на автопатот Штип-Радовиш, каде затекнавме огромни проблеми, се гради и експресниот пат до Кочани. Овде во Штип по неколку децении се изгради нов мост, нова детска градинка, Штип го заокружи процесот за гасификација, а следува реализација и на деценскиот сон на граѓаните од овој регион, изградба на брана на река Отиња. СДСМ покажа дека Штип е навистина битен, како центар на Истокот и затоа ќе продолжиме да вложуваме во овој град, во овој регион, а успешните проекти ќе продолжат со Николов како татко на градот, порача Николовски.
Во однос на неучеството на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, Николовски истакна дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ постојано се однесуваат незрело и лицемерно, а со бојкотот на овие избори покажаа дека немаат никаква одговорност кон Штип и неговите граѓани.
– Во ВМРО-ДПМНЕ ги знаат анкетите, знаат дека од доктор Сашко Николов нема подобар кандидат, знаат дека ги чекаше нов пораз овде во Штип и затоа избегаа од избори и покажаа неодговорност кон овој важан град и граѓаните кои живеат во него. Штип заслужува легитимен градоначалник и затоа ги повикувам сите граѓани во недела да го искористат правото на глас и да дадат поддршка за нашиот кандидат Сашко Николов. Изборите ќе бидат безбедни и сигурни по здравјето на сите, на 13 декември да гласаме за број 2 за доктор Николов, повика Николовски.