Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски утре ќе тргне по народ заедно со функционерите на владејачката партија да ги слушнат граѓаните!

0
2588

Нов систем на делување и работа на владејачката СДСМ најави генералниот секретар Љупчо Николовски на денешната прес конференција.

СДСМ ги заокружува промените и воведува нов систем на работа во интерес на граѓаните. Имено тимови на СДСМ, претседателите на општинските комитети, функционерите на централно и локално ниво, градоначалници, директори ќе се сретнат со граѓаните на терен почнувајќи веќе од следниве денови. – најави Николовски.

Целата е да разговарат за потребите на граѓаните и начинот на решавање на проблемите, да разговараат за работата на локалната самоуправа како и за програмата, проектите и мерките на централната власт.

Од утре СДСМ ќе биде на терен и тоа во Пробишти, додека во сабота тимовите ќе се сретнат со граѓаните на Штип.

Секој ден ќе бидеме на терен со граѓаните, не само за време за предизборните кампањи. Граѓаните да бидат гласни бидејќи нивното мислење, став за нас е битно. За граѓаните постоиме“ – порача генералниот секретар на СДСМ.

На терен ќе се направи опсежна анализа за реализација на мерките, проектите и програмите на централна и локална власт, а за таа цел целата структура на СДСМ се става во функција на остварување на ветувањата.