ГЕВГЕЛИЧАНКА И КАВАДАРЧАНЕЦ ЌЕ ГО СОТРАТ РЕЖИМОТ: Катица Јанева го откри името на главниот истражител кој ќе ги лови братучедите: Ангел Гинев од Кавадарци!

0
3079

katica-janeva4

Во интервју за Призма специјалната обвинителка Катица Јанева го откри името на специјалниот главен истражител кој ќе ги вдоми братучедите од режимот во градинка за возрасни во Шутка и Идризово на долгогодишен престој.

„Со стратегискиот план е предвидено секој обвинител да си го избира својот тим – двајца стручни соработници и двајца истражители. Истото важи и за мене. Веќе имам една соработничка од Министерството за правда. Атанас Гинев од Кавадарци ќе биде главен истражител и тој ќе си го избере својот заменик. Од МВР ќе барам да потпишеме меморандум за соработка, за да може да биде преземен од таму.“