ГДОМ: Сите наши членови се на терен… на плажите ширум Балканот

0
1319

Граѓанското движење за одбрана на Македонија реагираше по повод написите дека нивните членови биле недоволно активни во помагањето на населението во поплавените подрачја. Од ГДОМ известуваат дека скоро сите нивни членови се наоѓаат на калливи терени и се пржат под жешкото сонце.

„По повод паушалните обвинувања од страна на медиуми и поедници сакаме да ја информираме јавноста дека нашите членови деноноќно се на терен. Бројни наши членови се пржат под силното сонце движејќи се по песокливите и калливи почви на плажите ширум Балканот. Од Турција, преку Бугарија, Грција и Албанија, па се до Црна Гора, нашите членови храбро стојат на браникот на лежалките и во ниеден момент не ја издале нашата вековна кауза.“ стои во соопштението на ГДОМ.

Извор: Коза Ностра