Гаши: Ако сакате да ја искористите платформата како алиби тоа нема да послужи никому

0
1001

Две и пол години поминаа од аферата за прислушувањето, тогаш сфативме како функционираат судството и обвинителството, рече Гаши.

Сите сме сведоци на некои реплики, процедурални, кои се многу банални, рече Африм Гаши од Движењето БЕСА, и додаде дека „не е убаво да се каже дека декларацијата е Тиранска.

– Ова е декларација на сите албански партии во Македонија. Ако сакате да користите вакво алиби за да се продлабочи кризата и понатаму, тоа нема да послужи никому. Две и пол години поминаа од аферата за прислушувањето. Тогаш сфативме како функционираат судството и обвинителството. Сфативме во колкава сиромаштија живееме. Сфативме дека се нарушени сите системи во Македонија, безбедносниот систем, затоа што е прислушуван и премиерот – рече Африм Гаши.