„Галф оил“ и Супертрејд ќе отворат 25 бензински станици во земјава

0
3726

По 25-годишна традиција во увоз и дистрибуција на нафта и нафтени деривати во Македонија и регионот, „Супертрејд“ го носи „Галф оил“ (Gulf Oil) на македонскиот пазар.

Американскиот бренд на 4-ти октомври официјално ја отвори својата прва бензинска станица во Скопје, прва во Македонија со што нашата земја се обележа на светската мапа на станици „Галф оил“ кои се присутни во повеќе од 25 земји низ светот. Брендот кој е основан во 1901 година, во моментов има повеќе од 1.800 бензински станици низ светот, 17 терминали и повеќе од 100 дистрибутини центри.

„Супертрејд“ игра значајна улога на домашниот и регионалниот пазар и е еден од најголемите увозници на нафта и нафтени деривати во земјата, во согласност со извештајот на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија.

Имплементирајќи ги најстрогите светски стандарди во дистрибуција на гориво, „Галф оил“ и „Супертрејд“ се ориентираат кон раст и развој како на домашниот пазар, така и во Европа и соседството. „Супертрејд“ продолжува понатаму во процесот на снабдување на своите партнери со најквалитетното гориво, дистрибуирано по светските врвни стандарди и правила, а исто така и во градењето на своја мрежа бензински станици со цел задоволување на потребите на потрошувачите во секое време.

„Галф оил“ заедно со „Супертрејд“ планираат да отворат околу 25 бензински станици на македонскиот пазар каде ексклузивно ќе ги има производите на познатиот бренд.

Партнерството со „Галф оил“ доаѓа како круна на долгогодишната заложба на „Супертрејд“ за супериорна услуга и квалитетна понуда на нафтени деривати за своите клиенти.

Американскиот нафтен бренд „Галф оил“ денеска ја отвoри првата бензинска станица во земјава која е втора на Балканот. Производите на оваа компанија нафта, нафтени деривати и масла за автомобили ќе се дистрибуираат преку компанија „Супертрејд“ која е една од најголемите во бизнисот со трговија на големо со цврсти, течни и гасовити горива и слични производи во земјава.

– По долгогодишните анализи на пазарот кои ја покажаа потребата од дополнитeлни моторни горива, лубриканти, масла за автомобили и петгодишна подготовка, од оваа година сме ексклузивни партнери на најголемата компанија за дистрибуција на моторни горива во Америка „Галф оил“ – рече на отворањето на бензинската станица, генералниот менаџер на „Супертрејд“, Владимир Стаиќ.

Стаиќ додаде дека „Супертрејд“ во земјава е една од најголемите увозници на деривати со дистрибуција на 120 милиони литри нафтени деривати до приватните бензински станици, приватни компании и државни институции. Од годинава ќе биде и најголем дистрибутер на масла кои ќе ги дистрибуира преку 25 нови бензински станици.

Основачот на компанијата „Супер трејд“, Снежана Стаиќ, рече дека компанијата вложила многу во исполнувањето на строгите критериуми и стандарди кои ги практикува американскиот партнер пред да стане негов дел.

– Да се биде дел од „Галф оил“ е последица на нашата созреаност кaко компанија и трудот кој го вложивме во поставување и остварување на потребните стандарди и цели на овој светски бренд кои претпоставуваат висококвалитетна услуга и посветеност кон крајните корисници – рече Стаиќ.

Според неа, влезот на „Галф оил“ за македонската економија e имплементирање на највисоките стандарди во дејноста .

– Тоа е една голема странска инвестиција, која донесува највисоки стандарди кои се веќе развиени во светот. Целата оваа инвестиција ќе придонесе и за развивање на идниот бизнис – рече Стаиќ.

Претставникот на „Галф оил“, Марио Дадони, пак, подвлече дека компанијата има стогодишно искуство, но не застанува во иновативноста и воспоставувањето стандарди, висок квалитет и техничка извонредност на производите. Македонскиот пазар е дел од планираното проширување на дистрибутивната мрежа на компанијата во светот.

– До 2020 година планираме да станеме компанија која ќе се вброи во 10-те светски компании со највисока вредност, производство, профит и најуспешен бренд – рече тој.

Тој информира дека компанијата е присутна во повеќе од 25 земји во светот, но има план до 2020 година да биде присутна на 60 пазари. Компанијата „Галф оил“ во светот вработува 70.000 луѓе.