ГАК : Трудницата која почина на 22- години трипати доаѓала на Клиника, но одбивала да биде хоспитализирана

0
716

Во Kовид одделот има породено 180 жени на Клиника, од кои директорката вели дека многу мал дел од нив завршиле во ковид болниците.

Во изјава денека директорката на ГАК Викторија Јовановска апелира трудниците да ги следат прпораките на лекарите.

Пациентката која почина на 22 години, дојдена е на Клиника на 23-ти ноември и тоа по трет пат, откако претходната ноќ доаѓала двапати и одбивала да биде хоспитализирана и и било објаснето дека се става во ризик себеси, но и бебето, па по примена инфузија се потпишала и заминала.

Одбила да остане бидејќи требало да биде хоспитализирана во делот кде што се лекуваат ковид позитивни пациентки, а таа имала негативен тест, но лабараторијата и симптомоте сугерирале на Ковид.

-Кога дојде утрото повторно дојде таа веќе имала мртов плод и многу влошена состојба и веднаш е префрлена во шок соба и породена е со царски рез. Таа била 27 недела и прва бременост, но не одела на редовни контроли- вели директорката.

Пациентката која почина на 22 годишна возраст имала нагони на гадење, повраќање и дијареа, не биле клаисични симптоми како кашлање и температура. Направен е ПЦР тест кој покажал дека е позитивна, но и да нема тест а доколу има клиничка слика која покажува сомнеж, таа ќе се третирала како сомнителен случај на Ковид 19, така е кај нас и секаде во светот.

-Семејството било вознемирено бидејќи ја убедувале да остане, не може да кажеме дека имала траги на семејно насилство, но таа крварела што може да биде пример за истото, но таа одби да одговори ,вели директорката.

Имала заболување со тероидна жлезда и била мултидициплинарно третирана.