ГАЗИ БАБА: Уништениот летниковец на улицата Душан Тасковиќ во Железара е обновен и на истото место е поставен нов летниковец, кој е донација од Makstil

0
910

Заедно со директорот на МАКСТИЛ Иван Бановски денес извршивме увид на локацијата. Ме радува тоа што МАКСТИЛ како општествено одговорна компанија ја прифати идејата на општината и заедно во иднина ќе работиме на повеќе проекти за уредување на јавни површини.

Општина #ГазиБаба претходно на овој простор изврши реконструкција на детското игралиште, а изградивме ново игралиште за баскет и фитнес зона. Со поставувањето на овој летниковец се заокружува уредувањето на овој простор согласно барањата на граѓаните.