Газдата на Вардар, Самсоненко приредил „крш и лом“ кафанска забава за Динамо, пеел, наздравувал, кршел чинии…

0
2082

Динамо никогаш и никаде не бил пречекан како во Скопје, што се однесува до забава и срдечност за делегацијата на „модрите“, пренесува највлијателниот спортски медиуми од Хрватска, „Спортске новости“. А, лично за тоа се погрижил, никој друг, туку како што пренесува „Спортске новости“, газдата на Вардар, Сергеј Самсоненко, кој на заедничката вечера која традиционално, вечерта пред натпреварот, ја приредува клубот домаќин, и согласно УЕФА препораките, ги одвел гостите во кафана и лично наздравувал за Динамо, ги забавувал пеејќи песни од Тоше Проески и Здравко Чолиќ, и во добро расположение кршел чинии…

„Тоа е за прераскажување за генерации. Газдата Сергеј Самсоненко, Русин кој 10 години живее во Македонија, само поради Динамо го прекинал летувањето во Хрватска. И приреди невиден спектакл. Покрај највкусната храна, Самсоненко сам го земал микрофонот и почна да пее. Глас од Суперталент. Да се натпреваруваше, ќе победеше. Стихови од Тоше Проески, а потоа Здравко Чолиќ. Музикантите свиреа, Самсоненко редеше стихови. Па славната „Ти си ми во крвта“ во од ја претвори во стихови во кои го вметна и Динамо, Торцида, Армада…“ – пишува „Спортске новости“ и дополнува во својот текст:

„Одеднаш на линија се најде и Гоце Седлоски, го поздрави целото друштво. Потоа страстите уште повеќе се запалија. Имено, Самсоненко почна и да крши чинии. Онака како во Грција, не за да се искршат, туку од забава. Настрадаа 50 чинии, неколку десеттици шишиња, се низ смеа и братска атмосфера. Делегацијата од Динамо само гледаше и уживаше“.

„Вечерва славиме, но тоа не значи дека утре ќе имате попуст на терен. Ќе дадеме се од себе да ве победиме. Баш затоа што го цениме Динамо и сакаме да бидеме како вас“ – и се обратил Самсоненко на делегацијата на Динамо, според пишувањето на „Спортске новости“.

И, во такво расположение малку имало простор за разговори околу регионалните лиги, младинските школи и фудбал, воопшто. Но, сигурно е поставен темел за идна подлабока соработка, пренесува меѓудругото „Спортске новости“, притоа со констатација на еден од членовите на Динамо Загреб.

„На нозе да ги дигнеме сите загрепски ресторани и тамбураши, не можеме да ги дочекаме како тие нас“.

На крајот на сето тоа задоволство, на Динамо Загреб му се погоди и победата на гостувањето во Скопје, а за „вардарци“ пак ќе остане во сеќавање кафанската забава во пресрет на средбата.

Превод: Екипа