ВО 2023 ГОДИНА СТАБИЛНИ ЦЕНИ НА ЛЕБОТ И БРАШНОТО

0
536

Како што вели за МИА претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија, Горан Малишиќ, мелничката и пекарската индустрија се борат со сите можни зголемени трошоци за производство преку менаџирање на сопствените залихи на некој основен минимум, во очекување на намалени цени на пченицата што како услов би создало прилики за дополнителна стабилизација на цените и нивно намалување.

-Обезбедувањето струја по 80 евра за мегават час е правилна одлука што минусира еден негативен фактор поради кој се зголемуваат цените. Владата фактички спречи дополнителни зголемувања на малопродажните цени и ги намали за соодветниот трошок на електричната енергија, истакнува Малишиќ. Според него, во изминативе денови, цените на берзите и се намалуваат и се зголемуваат, но генерално, се движат во истите рамки.

-Тоа ни дава за право да сметаме на стабилен период до следната жетва, и поради тој факт, стабилен период на цените на суровините, со што последнично нема да предизвика зголемување на малопродажните цени. Како што и се гледа во малопродажните објекти, цените на брашното и основниот леб се намалени од 5 до 10 отсто, во зависност од компанијата производител, нагласува претседателот на Групацијата.Во нормални прилики, додава, се очекува по март цените на пченицата да одат во надолна линија со што се создаваат услови и за нормализирање на цените.