Во тек е средба меѓу Шекеринска, Тодоров и Груби – Се подготвува теренот за лидерска средба!

0
1439

Во тек е средба меѓу претставници од политичките партии потписници на Пржинскиот договор, објави Алсат-М телевизија.

Средбата не е на лидерско ниво, туку на пониски партиски претставници.

СДСМ е претставуван од Радмила Шекеринска, ВМРО-ДПМНЕ од Никола Тодоров, ДУИ од Артан Груби, а ДПА од Имер Алиу.

Средбата има за цел да го отвори патот кон лидерска средба.

На состанокот се присутни и амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.

Брисел соопшти дека се надева оти неделава ќе има лидерска ссредба.