ВО СУД СЕ ЧИТАА СМС ПОРАКИ МЕЃУ КАНЧЕВСКА, ЈАНАКИЕВСКИ И СПИРЕ: ЏЕМО БИЉБИЉ, ПОЗНАТИОТ АКТЕР ОД ПРЕСПАВ БИЛ ВРБУВАН ОД ВМРО ДПМНЕ ВО ПРОТЕСТИТЕ ПРЕД 27-МИ АПРИЛ?!?!

0
1514

Поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, при една електронска комуникација во 2017 година со екс министерот за образование и наука Спиро Ристовски, обвинет во случајот “Организатори на 27-ми април”, го информирала дека во контрашките протести фалеле спортисти, а одговорот на обвинетиот Ристовски бил дека бил запознаен и дека правел притисоци секој ден.

Шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, при читање на материјалните докази во дополнение на доказна постапка, денеска прочита пораки на обвинетиот Ристовски, каде тој и одговара на Милевска: “Тоа е срце, ти кажав ова е атмосфера”.

Истовремено, во тек на почеток на месец март 2017 година, Канческа го брифирала сега обвинетиот Ристовски, за организацијата на настаните. “Горан Стoјановски (Џемо Билбил) и други ги договоривме за утре” – му пишувала таа на Спиро Ристовски на 2-ри март 2017.