ВО СТРУШКО ГРАБНАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА И ЈА ОДНЕЛ ВО ГОСТИВАР, ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИЛА

0
283

МВР информира дека вчера во 14.10 часот во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.А.(31) од с.Трново, Гостиварско.Информациите се дека, постапувајќи по пријава во ОВР Струга, според која претходниот ден со патничко возило одвел малолетничка од дворот на нејзината семејна куќа во струшко село, по што таа телефонски ѝ соопштила на мајка си дека е во домот на момчето, со кое е во љубовна врска. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.