ВО СТРАВИЧНА СООБРАЌАЈКА НА ПАРТИЗАНСКА РАНО УТРОВО ЗАГИНАА ДВЕ ЛИЦА

0
1288

Две лица загинаа рано утрово во сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“ во скопски Карпош.

Во несреќата загинале возачот на такси возило „мерцедес“, 35-годишниот В.А., како и 37-годишната патничка К.С.
Полицијата информира дека несреќата се случила околу 3:30 часот кога возилото од засега неутврдени причини излетало од коловозот, удрило во жардинера и потоа во дрво.
Екипа на СВР Скопје изврши увид на местото на несреќата, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се предадени во Судска медицина.