ВО СВЕТОТ, ВЛАДИЦИТЕ СЕ НА НИВО НА АКАДЕМИЦИ СО 3-4 ДОКТОРСКИ ТИТУЛИ СО ЗНАЕЊЕ НА 5-6 СВЕТСКИ ЈАЗИЦИ, ГЛЕДАЈТЕ КАКВИ ТУТУРУТКИ ИАМЕ НИЕ ЗА ВЛАДИЦИ

0
1214

Во светот, да си владика или бискуп значи да имаш 2-3 докторски титули од наука, религија, историја, знаеш неколку светски јазици, запознаен си со тајните на математиката, физиката, биологијата, вселената…

Само ние во нашата МПЦ имаме вакви неписмени владици со мозокот во 18-ти век кои ниту еден вирус не го разбираат што е и како е, на ниво се на индијански врачеви…

Паметните свештеници не велат дека вирусот не постои, туку дека господ ги создал лекарите, вакцините, современата медицина, господ им дал на луѓето ум и смиреност да смислат современи медицински методи за да се борат со злото олицетворено во бактерии вируси ракови и разни болештини…

Бог помага преку мирната рака на хирургот а не преку гола молитва… Така и самите владици кога ќе се разболат не одат во манастир да се молат на бога туку одат во Систина и Жан Митрев или на ВМА во Белград.