Во Пржино пролжуваат преговорите за излез од кризата

0
1312

Почна средбата на претставниците на политичките партии со амбасадорот на САД, Џес Бејли, и со евроамбасадорот Аиво Орав во резиденцијата на Европската Унија во Пржино, јавува „Мета“.

На средбата, ставовите на партиите и денеска ги застапуваат истите претставници како вчера, односно Рената Дескоска од СДСМ, Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА. Главна тема на денешната средба би требало да бидат реформите во медиумите и прочистувањето на избирачкиот список.

Исходот од вчерашната средба за владејачките ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ е добар и нивните претставници по средбата изјавија дека бил постигнат напредок, но СДСМ преку соопштение изрази сосема спротивно мислење.