ВО ПРВИТЕ 10 МЕСЕЦИ ВО ТИРЗ ОТВОРЕНИ НАД 2000 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА, ИЗВОЗОТ СО РАСТ ОД 26%

0
297

Во првите десет месеци од годинава во компаниите во ТИРЗ се отворени над 2000 нови работни места, а бројот на вработени за првпат се искачи над 16.000. Ова е зголемување за 16 отсто за една година, а само во октомври се отворени речиси 500 нови работни места, покажува редовната месечна анализа на Дирекцијата на ТИРЗ.

Од јануари до октомври 2022 година, пак, регистриран е увоз од 2,806 милијарди евра што е за 15 проценти повеќе во однос првите десет месеци од 2021, односно за 43 проценти споредено со 2020. Заклучно со октомври и нето извозот е 11,25 проценти, што меѓу другото се должи на зголемените инвестициски активности во зоните и зголемениот број на работни места.

Според анализата, позитивните економски движења се резултат од ефектите од новиот концепт на ТИРЗ, а се очекува ваквиот позитивен тренд да продолжи до крајот на годинава.

-Од почетокот на спроведувањето на овој концепт, во изминативе 20 месеци се постигнати договори од над 620 милиони евра, а истите треба да донесат над 5000 нови работни места, наведуваат од Дирекцијата за ТИРЗ.