Thursday, May 8, 2025
11.8 C
Skopje

ВО МАКЕДОНИЈА НАД 140.000 ЛИЦА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС – АЛАРМ ЗА ПОСИЛНА ПРЕВЕНЦИЈА И ПРИСТАП ДО ТЕРАПИЈА

Македонија се наоѓа на слично ниво со Словенија (7 отсто) и Бугарија (7.4 отсто), но има пониска преваленца во однос на соседни земји како Србија (10.5 отсто), Албанија (10.6 отсто) и Косово (10.4 отсто).

Механизам на нормална апсорпција на шеќер во крвта (бели кристали) (лево) и отпорност на инсулин кај дијабетес тип 2 (десно) | Фото: Manu5CC BY-SA 4.0, Викимедија комонс.

Според најновото, 11-то издание на „Атласот за дијабетес“ на Меѓународната федерација за дијабетес (IDF), во Македонија во 2024 година се регистрирани 140.800 лица со дијабетес на возраст од 20 до 79 години, што претставува 7.4 отсто возрасна стандардизирана преваленца. Податоците покажуваат и дека околу една третина од луѓето со дијабетес – 33.5 отсто – не се дијагностицирани, што значи дека околу 45.000 лица во земјава живеат со дијабетес без да знаат.

Бројот на заболени со дијабетес во Македонија расте

Проценка за растот на бројот на заболени од дијабет во Македонија од Меѓународната федерација за дијабетесИзвор: IDF Diabetes Atlas • Ivica Smokovski, Tatjana Milenkovica, Nam H. Cho Diabetes Res Clin Pract. 2018 Sep:143:179-183. doi: 10.1016/j.diabres.2018.07.015. Epub 2018 Jul 19. PMID:30009938

Диме Велев, претседателот на Сојуз на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија вели оти регистарот на состојбата со дијабетес укажува на стабилизирање на бројот на ново дијагностицирани случаи на околу 7.500 годишно, но и понатаму постои ризик од пораст на бројот на заболени.

„Меѓу причините за ова стабилизирање се посветеноста на пациентските здруженија, подобрата соработка со здравствените институции, како и партнерството со Националната комисија за дијабетес и ендокринолозите во земјава“, вели Велев преку соопштение до јавноста.

И покрај овој позитивен тренд, експертите предупредуваат дека е неопходно спроведување на современи превентивни програми, обезбедување на иновативна инсулинска и антидијабетна терапија, како и континуиран и квалитетен менаџмент на дијабетесот. Во тој контекст, како пример се посочува Словенија, каде лицата со тип 1 дијабетес редовно користат континуиран мониторинг (CGM) и инфузиски пумпи, со што се намалуваат компликациите и трошоците за здравствениот систем.

На глобално ниво, бројот на лица со дијабетес во моментов изнесува 589 милиони, а до 2050 година се очекува таа бројка да порасне на 853 милиони. Најголем дел од заболените, околу 90 отсто, имаат дијабетес тип 2 и живеат во земји со ниски или средни приходи.

Македонија се наоѓа на слично ниво со Словенија (7 отсто) и Бугарија (7.4 отсто), но има пониска преваленца во однос на соседни земји како Србија (10.5 отсто), Албанија (10.6 отсто) и Косово (10.4 отсто). Овие податоци уште еднаш ја потврдуваат потребата од зајакната едукација, рана дијагностика и достапна терапија за сите категории пациенти.

Повеќе информации и споредбени податоци може да се најдат на официјалната веб-страница на Атласот за дијабетес.

Мета.мк уште пред две седмици, как одел од написот за злоупотреба на лекот Оземпик, ги објави истите бројки кои денеска ги објавува Сојузот на здруженија на дијабетичари.

Извор : Новинска агенција МЕТА

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

ФИЛИПЧЕ: ЛАЖНИОТ ПАТРИОТИЗАМ НА ЗНАМ ЗАВРШИ КАКО ПРИВАТЕН БИЗНИС-ПРОЕКТ

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на средбата со...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ