ВО ИРАН УАПСЕНИ АКТЕРКИ ЗАТОА ШТО ВО ЈАВНОСТ СЕ ПОЈАВИЛЕ БЕЗ ШАМИИ НА ГЛАВИТЕ

0
482

Актерките се појавија во јавност без шамија на главата, гест со кој ги поддржаа протестите кои почнаа во септември, по смртта на 22-годишната Махса Амини во полициски притвор. „Од овој момент, што и да се случи, знајте дека секогаш ќе бидам со народот на Иран. Ова е можеби мојата последна објава“ напиша Газијани на социјалните мрежи непосредно пред апсењето. Минатата недела таа ја обвини иранската влада дека убила повеќе од 50 деца.

Газијани и Ријахи се меѓу многубројните познати личности во Иран кои ги поддржаа протестите, во кои досега загинале околу 400 демонстранти. Исто така, најмалку пет лица се осудени на смрт во врска со протестите, што иранските лидери ги опишуваат како немири организирани од непријателски земји. Која е озлогласената полиција за морал во Иран што ги поттикна едни од најмасовните протести во земјата?

Протестите во Иран почнаа на 16 септември, на денот на смртта на Махса Амини (22) во болница, каде што беше сместена во тешка состојба по нејзиното апсење на 13 септември во Техеран поради „носење несоодветна облека“ и непочитување на строгите правила на Иран за облекување на жените. Демонстрациите подоцна се претворија во движење против иранските верски власти. Според податоците на невладините организации, во задушувањето на тие протести загинале неколку стотици луѓе, додека околу 15.000 биле уапсени. Некои од уапсените се осудени на смрт.