Во голема полициска акција на МВР во Прилеп се апсат дилери на дрога

0
954

Во Прилеп продолжува полициската акција која почна денеска претпладне, со цел, како што јавија локалните медиуми, разбивање на мрежа на дилери на дрога.

Според последните неофицијални информации, досега биле уапсени седум од дваесетина осомничени, меѓу кои имало менаџери на локали, на хотели, па дури и полицајци.

Досега нема официјално известување за акцијата од МВР, од каде најавуваат повеќе детали за утре.