Во ВМРО заборавија дека се и ДПМНЕ

0
1731

По 26 години дејствување на ВМРО ДПМНЕ, прва партија со тоа име на територијата на државата Македонија, пред некое време се слушнаа барања за забрана да се користи тој историски предзнак, пренесува Дојче веле.

Тоа е своевиден коментар за постигнувањето на партијата во услови кога е остварен сонот поради кој била основана првата ВМРО – постоење на самостојна држава Македонија. Неминовниот распад и крај на Југославија во нејзината дотогашна форма, дилемите на Македонија и различните ставови за тоа – како понатаму, создадоа предуслови за политички плурализам, за артикулирање на различни погледи и ставови во однос на иднината на дотогашната ју-федерална единка. Чувството на загрозеност, втиснато во генот на Македонецот, малку подзаборавено во децениите под закрила на заедничката југословенска држава, во која тој можеше да се афирмира со свој јазик, култура и државност (посебно изразена по уставните реформи од 70-те години на минатиот век), повторно изби на површината. Тоа беше историскиот миг за патриотите, но и за македонските националисти, кои не се наоѓаа себе си во социјалистичката идеја, за кои таму и немаше место и беа сметани и третирани како опасност.

Основањето партија која со името директно се надоврзува на историските традиции со корен од крајот на 19. век, за некои роди надеж, а повеќемина го дочеаа со скепса. Оние кои беа убедени дека пред Македонците се отвора широк хоризонт кога својата судбина дефинитивно и исклучиво ќе ја земат во сопствени раце, надежите ги врзуваа за новата партија. Другите, инертно приврзани на идејата на некаква заедничка држава или воспитани во социјалистички дух, со голема скепса гледаа на „најмакедонската” партија (оти не беше само таа со национална ориентација, да се потсетиме и на МААК, на пример). Добра причина за скепса, секако беше и „биографијата” на самата историска ВМРО – исполнета со контроверзи, раскол, меѓусебно истребување, злоупотреба во служба на туѓи, немакедонски интереси; згора на се` уште и релативно еднострано прикажувана од југо-македонската историографија.

Македонија не профитира од инервенцијата на НАТО во Косово

ВМРО ДПМНЕ ги преболе детските болести, ги надмина наивните сфаќања во стилот на „Солун е наш” и најавите за „одржување на наредниот партиски конгрес во Солун“, се соочи со актуелната историска реалност и се‘ повеќе се преобразуваше во конформна партија способна да ја преземе власта и да ја води државата. Првата влада со четиригодишен мандат предводена од ВМРО ДПМНЕ не доби доверба по втор пат, иако рака на срце мораше да менџира кризни ситуации од егзистенцијално значење – војна на Косово, интервенција на НАТО преку македонска територија, оружан конфликт на сопствена територија. „Најмакедонската партија” беше принудена на отстапки „на свој терен“ (пред албанските терористи или востаници, или во војната увезена од Косово – во зависност од аголот на гледање). Од отстапувањето на македонската територија за дотур на воен материјал, што ја направи интервенцијата на НАТО далеку поедноставна, државата не извлече никаков политички профит. Бугарија и Романија својата забрана за прелет на руски авиони за време на војната на Косово ја наплатија со членство во НАТО и ЕУ иако ни оддалеку не беа подготвени, како што подоцна експлицитно призна Гинтер Ферхојген, во тоа време еврокомесар за проширување на Унијата (тој во едно интервју – патем, кога веќе не беше на функции во ЕУ – зборуваше за „награда” за двете држави).

Останува дилемата дали не профитирале поединци. Во ВМРО ДПМНЕ можеби бавно учеа како се води држава, но според тоа колку бргу им порасна стадардот на дел од членовите на раководството на партијата, се чини како брзо да ја совладале лекцијата како се профитира од вршењето на власта.

Мора да се каже дека „школо” им беше однесувањето на идеолошкиот опонент кој претходно беше на власт – социјалдемократите. Во нивно време започна создавањето на македонска економска и политичка елита. Новостекнатото богатство, се` понападно покажувано, тешко дека може да резултира од регуларните функционерски плати. Тука ВМРО ДПМНЕ, посебно откако во 2006 повторно дојде на власт, ги надмина учителите.

Целиот текст ОВДЕ