Возачот што удрил во возилото на Царовска имал 3,1 промили алкохол во крвта

0
1117

Автомобилот во кој била претседателката на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Мила Царовска, бил удрен во петокот вечерта а во скопската населба Аеродром.

Според неофицијални информации од МВР кои ги објави Плусинфо, на возачот му бил направен и алкотест и било констатирано дека имал 3,1 промили алкохол во крвта.

Како што и претходно објави Либертас, автомобилот на Царовска бил удрен од позади од друг автомобил кој бил управуван од лице кое имало забрана за управување со моторно возило поради претходни сообраќајки.

Според неофицијални информации, тој откако ја направил сообраќајката излегол од возилото и почнал да вика и да се расправа, кревајќи тензија.