ВМРО-ДПМНЕ ја предлага за пратеничка Иванка Василевска – бранителка на насилството на 27 април и на режимот на Груевски

0
1589

Иванка Василевска не е никакво ново лице на ВМРО-ДПМНЕ, туку старо лице на режимот на Никола Груевски.

Василевска го правдаше режимското насилство на 27 април и организираниот напад на Собранието, за кој сведоци во судница изјавија дека бил организиран од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е најмирољубивиот насилен влез од страна на граѓани во историјата“, изјави Василевска во директниот пренос на ТВ Нова додека траеше насилниот упад Собранието. Василевска, која е во врска со еден од предводниците на протестите кои кулминираа со насилството на 27 април 2017, неколку месеци подоцна беше предложена како претставник на Кабинетот на претседателот за член во Националниот совет за евроинтеграции, а од од април 2018 стана членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, Иванка Василевска работеше и како пропагандистка во медиумите на режимот на Груевски – имаше своја емисија на пропагандното радио „Слободна Македонија“ во кое заедно со нејзините гости се трудеа со сите сили да оцрнуваат опозицијата и да го одбранат режимот на Груевски.

Дали Иванка Василевска се најде на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ составена во Будимпешта, затоа што ги величаше режимските политики на Груевски, дури и откако избега како криминалец во Унгарија?