ВМРО ДПМНЕ ФОРМИРАЛА СВОЈА ПАРТИСКА ТАЈНА СЛУЖБА : Синиша Алексовски бил во полиција за неовластено снимање на возило на висок функционер кај Порта Македонија

0
1028

Синиша Алексовски, кој до неодамна беше дел од Агенцијата за разузнавање, денеска бил повикан во полициската станица Центар на информативен разговор, потврдија од МВР.

Денеска С.А. беше повикан на информативен разговор во ПС Центар во врска со неовластено снимање на возилото на висок државен функционер кај Порта Македонија. Известен е јавен обвинител при што е констатирано дека нема елементи за понатамошно постапување – изјавиле од МВР за „360 степени“.

Влегувањето на Алексовски во полициската станица попладнево го „улови“ новинарската екипа на порталот „А1он“.

Алексовски е кадар од Агенцијата за разузнавање за кого министерот Наќе Чулев бараше да го преземе во МВР, но не доби согласност од дополнителната заменик-министерка, Славјанка Петровска.

Алексовски беше советник за национална безбедност на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а неодамна заедно со уште еден вработен беа отпуштени од Агенцијата за разузнавање.

За преземањата на кадрите од Агенцијата на барање на Чулев, кој претходно исто така беше дел од оваа институција, како и за отпуштањето на вработените, не споменувајќи имиња, во петокот во емисијата „360 степени“ зборуваше и претседателот Стево Пендаровски