ВМРО-ДПМНЕ уфрлила убијци во дипломатската мрежа : Почесниот конзул на Македонија во Барселона, уапсен како осомничен за убиство на неговите две деца

0
1318

Почесниот конзул на Македонија во Барселона, Марио Деус, е уапсен во Јужна Африка како осомничен за убиство на неговите две деца, тригодишни близнаци, објавија шпанските медиуми.

Според информациите од полицијата во Јужна Африка, мајката на децата која била шведска државјанка, ги нашла телата во летната резиденција на Марио Деус во близина на Кејп Таун, соопшти портпаролот на полицијата Андре Траут.

Кога мајката пристигнала во семејната вила, осомничениот убиец избегал со нејзиниот автомобил, но подоцна бил уапсен во Кејп Таун.