ВМРО-ДПМНЕ сега има нов анти-Заев лобист, Божидар Димитров е сега новиот лобист во Бугарија за правење на КАША ПОПАРА со добрососедските односи помеѓу Македонија и Бугарија

0
1804

ВМРО-ДПМНЕ очигледно не се откажува од своите лобисти со народни пари, дознаваме дека овој пат имаат нов лобист и тоа не од САД туку од соседна Бугарија.

Божидар Димитров, бугарскиот контроверзен историчар кој сега работи во некој сектор во владата на Борисов е новиот “лобист” на ВМРО-ДПМНЕ сега има нова задача, да плука по новиот премиер на Македонија, Зоран Заев.

Димитров и куртоните блиски на ВМРО-ДПМНЕ кого експресно го споделуваат имаат нова идеја, сега тие треба да покажат дека токму Заев и новата влада се промоторите на омразата која трае одамна помеѓу Бугарија и Македонија и секако има задача да го плука новиот договор постигнат помеѓу двете држави за добрососедски односи.

Божидар Димитров за дел од медиумите изјавил дека членовите на МАНУ работат се за пари, и дека тие според него работат по принципот „дај пари, ќе се пишам Бугарин“.

Тој за изјава во медиумите исто така вели дека луѓето на МАНУ се луѓе кои сакаат да живеат и да примаат плати и дека знаат дека Зоран Заев ќе ги избрка од работа сите доколку тргнат против него за кој вели дека тоа се луѓе на кој што кога ќе им дадеш пари тие ќе се пишат Бугарин.