ВМРО-ДПМНЕ предлагале специјалниот обвинител да истражува, ама до избори да не им поднесувал кривични пријави

0
2148

На законот за специјалниот обвинител од договорот во Пржино, поточно на прецизирање на неговите надлежности, според извори на Либертас, работните групи на власта и опозицијата, со присуство на посредникот Питер Ван Хојт , интензивно работат.

Двете страни, и власта и опозицијата, според извори од преговарачките тимови,  прифатиле во законот да стои дека специјалниот обвинител е надлежен да ги истражува  делата  кои произлегуваат од тајното прислушување и сите други злоупотреби од страна на власта.

faksimil-od-dogovorot-332x540 dogovor-1

Нашите извори велат дека на ова преговарачите на владеачката ВМРО ДПМНЕ се обиделе да додадат и став евентуалните кривични пријави кои би ги поднел специјалниот обвинител да не важеле од одма туку во законот да се напишело дека истите ќе биле активни после предвремените избори во април идната година.

Оваа идеја на владеачката партија на разговорите со посредникот Ван Хојте била во старт отфрлена како несериозен предлог, бидејки едно од клучните работи за излез од политичката криза е во истрагите што требе да ги спроведе специјалниот обвинител.

Лидерската четворка потпиша во Пржино дека ако до 14 септември страните не договорат кој би бил тој специјален обвинител, наредниот ден, на 15 септември од листата на предлози изборот ќе го направат меѓународните посредници ЕУ и САД кои се гаранти на договорот од Пржино.