ВМРО-ДПМНЕ ОСТАНА БЕЗ УШТЕ ЕДЕН СОВЕТНИК ВО СКОПЈЕ : ИРЕНА ПОПОВА ЌЕ ДЕЛУВА КАКО НЕЗАВИСНА, АРСОВСКА И АПЛАУДИРАШЕ НА ОДЛУКАТА

0
627

Ќе дејствувам независно, а вие слободно можете да продолжите со заканите кои ги испраќате до мене изминативе денови. Не се плашам и ќе продолжам да работам за она што го ветив на граѓаните во кампањата, а тоа е модерно Скопје, рече Попова.

Се тенчи мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, откако советничката Ирена Попова од денеска одлучи да ја напушти групата и ќе дејствува како независна. За оваа одлука таа беше наградена со аплауз од градоначалничката Данела Арсовска, пишува СДК.

– Ќе дејствувам независно, а вие слободно можете да продолжите со заканите кои ги испраќате до мене изминативе денови. Не се плашам и ќе продолжам да работам за она што го ветив на граѓаните во кампањата, а тоа е модерно Скопје. Не сакам повеќе да бидам дел од групата која ја блокира работата на Градот – рече Попова.

Ова е втор советник кој ја напушта коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје. Претходно тоа го стори Александар Трајковски, кој како член на ГРОМ, по што беше назначен од Арсовска за заменик-градоначалник. Во Советот на Град Скопје сега ВМРО-ДПМНЕ има 16 советници, СДСМ 12, ДУИ има 5 советнци, а Левица 4. По два советника на локалните избори добија ЛДП и Зелен хуман град, а по еден Алијанса за Албанците и Алтернатива. Од денеска во Советот има и два независни советника.