Thursday, May 8, 2025
11.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: НОВ БРАН НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ КОИ ЌЕ ДОНЕСАТ ОД 5 ДО 6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ВО МАКЕДОНИЈА, ШТО ЗНАЧИ НОВИ РАБОТНИ МЕСТА ЗА ГРАЃАНИТЕ И МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ДРЖАВАТА

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување на странски инвестиции и тоа е еден од главните начини за подобрување на економијата, отворање на нови работни места и модернизација на државата.

Најавена е инвестиција помеѓу половина милијарда и една милијарда, средства кои ќе финансираат проекти за изградба на локални, регионална и експресни патишта.

Дел од тие патишта ќе бидат реконструирани, а дел ќе се градат.

Граѓаните ќе добијат побезбедни патишта како и можност за полесно патување и транспорт на стоки.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ е посветена на стабилизирање на економијата, подобрување на стандардот на граѓаните и нивниот квалитет на живот.

Ќе се гради Клинички центар во Штип, а болницата во Кичево ќе се гради на нова локација. Исто така, најавена е реконструкција на Клиничка болница Тетово, операционите сали и два нови оддели ќе бидат опфатени.

Пругата Табановце-Гевгелија, која ќе биде дел од Коридор 10, во која патничките возови ќе се движат 160км/час, а карго по 110км/час. Ова е проект кој ќе натфрли помеѓу 3 и 3.5 милијарди евра. По основ на ова БДП оди нагоре, а јавниот долг се намалува.

Граѓаните ќе добијат подобар пристап и квалитетно здравство и надвор од главниот град.

По преговорите од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за време на посетата на ОАЕ со странски инвеститори најавени се и нови проекти.

Проекти на веќе постоечки локации во Охрид, откуп од сопствениците, и две нови локации. Попова Шапка Ски центар, локација кај Касарната за обележје, кое нема да биде само обележје на Скопје и Македонија, туку и регионот. Чебрен и Галиште, но и друг тип на објекти, соларни и нови ветерни централи, а институциите веќе се вклучени во процесите.

Овој инвестициски бран е помеѓу 2 и 3 милијарди евра за Македонија.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на привлекување нови странски инвестиции и отворање на нови работни места.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

ФИЛИПЧЕ: ЛАЖНИОТ ПАТРИОТИЗАМ НА ЗНАМ ЗАВРШИ КАКО ПРИВАТЕН БИЗНИС-ПРОЕКТ

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на средбата со...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ