ВМРО-ДПМНЕ ЗА МИНИСТЕРКА ЗА ТРУД КАНДИДИРА ВЕТЕРИНАРКА

0
1270

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за министерка за труд и социјална политика во техничката влада, Рашела Мизрахи, е ветеринарка – докторка по ветеринарна медицина, чие поле на научен интерес е андрологијата или машката фертилност кај животните. Таа дипломирала на Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 2006 година како најдобар студент во генерацијата. Таму подоцна магистрирала и работела како асистентка на Институтот по физиологија (2007-2009 г.). Рашела Мизрахи докторирала на Универзитетот „Бар Илан“ во Израел во 2014 година и се стекнала со звање доктор на науки по биохемија на андрологија.