ВМРО ДПМНЕ ГИ СООПШТИ 10-ТЕ ИМИЊА КОИ СЕ ПОТЕНЦИЈАЛНИ КАНДИДАТИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ : Освен Филип, Влатче и Сиљановска, другите се анонимуси кои ни комшиите не ги знаат!

0
1172

На денешната прес конференција, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски ги соопшти деветте претседателски кандидати на опозицијата за прв човек на Македонија.

Никита Шектуковски, професор на ПМФ, Ѓорѓи Манасков, претседател на Стопанска комора за енергетика, Васко Костов, фармацевтски техничар, Влатко Ѓорчев, пратеник, Гордана Силјановска, професор, Илија Димовски, професор во пензија на Шумарски факултет, Филип Петровски, екс-директор на Државен архив, Горан Ангелов, поранешен градоначалник на Виница и Сашо Кутлешовски, доктор по земјоделски науки, се имињата кои ќе се борат за претседателската кандидатура.

„По одржаната седница, пристигнаа 10 кандидатури, од кои една беше по рокот на пријавување и истата е одбиена. Сите кандидати ќе имаат еднаков третман за избор од пратеијата. ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја повикува власта, да распише предвремени парламентарни избори. Република Македонија не смее да продолжи да тони“, истакна Мисајловски.