ВМРО-ДПМНЕ ви сере среде омилениот ресторан и потоа вика на цел глас дека не сте го сакале ресторанот

0
1176

Кога ќе кажам дека немам доверба во судот, тоа значи дека немам доверба во судовите кои ги контролира ВМРО-ДПМНЕ, не во судовите воопшто.

Кога ќе кажам дека администрацијата е партизирана, мислам на вмровската администрација, а не дека не треба да постои администрација.

Кога ќе кажам дека не го сакам Скопје, тоа значи дека не го сакам чудовиштето кое го изнедри ВМРО-ДПМНЕ, а не градот во кој се имам родено.

Па ВМРО-ДПМНЕ успеа најголемата кретенуша која има професорско звање да ја протурка во Венецијанската комисија. Тоа не значи дека јас не мислам дека треба да постои Венецијанска комисија, туку дека се девалвира нејзиното постоење со таков член.

Кога ѝ се смеам на македонската дипломатија, се смеам на она во што македонската дипломатија ја претвори ВМРО-ДПМНЕ, што не значи дека не треба да имаме дипломатија.

Кога цркам против Комисијата за заштита од дискриминација, јас цркам против ѓубрето во кое ја претвори ВМРО-ДПМНЕ, а не против идејата и потребата од постоење на ваква комисија.

Кога ќе кажам дека не верувам во проверката на избирачкиот список, тоа значи дека не верувам во манипулациите кои ги имаат направено членовите на ВМРО-ДПМНЕ во ДИК, а не во потребата од прочистување на списокот.

Разбирате?

Тактиката на ВМРО-ДПМНЕ е да ви се исерат среде омилениот ресторан и потоа да викаат на цел глас дека не сте го сакале ресторанот и дека тие уште од почеток тоа го тврделе (дека не го сакате ресторанот). Не, драги мои кецероши, јас не го сакам ресторанот среде кој вие сте се исрале. Доста ми е од вашите лајненици и кецарошки финти. Можеби ви проаѓале кај учителката од четврто оделение, не знам. Не верувам.

А тие кои ја направиле компјутерската манипулација по нарачка на ВМРО треба да одговaраат и еден ден сигурно ќе одговараат.

Фејсбук статус на Мирјана Најчевска