ВМРОЈНИ ДО ГРОП : Комисијата на Чулев го врати на работа тепачот-советник, само 15 отсто од плата шест месеци!!!

0
790

Дисциплинската комисија на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска експресно, на последниот ден од неговиот мандат го спаси советникот-тепач З.Ѓ. ,кој на денот на изборите физички нападна среде улица во Тетово полициски службеник, дознаваме од извори во МВР.Иако, според експертите за ваков прекршок реална казна би била отказ или барем назадување на работното место, според нашите информации, дисциплинската комисија чии членови ги има поставено Чулев, експресно донела одлука и го казнила со смешна казна која се одредува за ситни прекршоци. А да потсетиме, за З.Ѓ. има кривични пријави за насилството до обвинителството.