ВМРОНИ ЧИТАТЕ ЛИ ОВА, УШТЕ ЛИ ЌЕ ГО БРАНИТЕ ИМЕТО: Македонското население просечно годишно се намалува за 3. 000 до 3. 500 жители, а кај другите етнички заедници се зголемува за 5.000 до 6.000!

0
1541

Демографите предупредуваат дека „белата чума“ може да доведе до комплетна промена на структурата на населението во Македонија, објави Телеграф. рс.

„Бела чума“ значи намалување на популацијата, поради раст на морталитетот во однос на наталитетот. Во Македонија од година во година расте бројот на новороденчиња од албанска, ромска и турска националност, а само минатата година разликата меѓу македонските новороденчиња и оние од друга националност беше 654 деца.

„Македонското население просечно годишно се намалува за 3. 000 до 3. 500 жители, а кај другите етнички заедници е зголемен од 5. 000 до 6. 000. Етничките разлики се очигледни, а со тоа лесно се доаѓа до заклучок што ќе се случи во Македонија на долг рок. Македонија мора да преземе одредени мерки и да го спречи иселувањето на населението, особено младите, кои се иднината на оваа држава“, изјави Дончо Герасимовски.

Веќе две децении има континуиран пад на македонското население. Според тврдењето на Герасимовски, наталитетот може да се поправи доколку Македонците имаат повеќе од две деца.

Фото: АП/Танјуг