ВМРОВЦИТE СЕ ПРЕТЕРАА: СМРДЛА, СТАРА ЉУБОВНИЦА – СО ПОГРДНИ ЗБОРОВИ ЗА ПОРТПАРОЛКАТА НА СДСМ ДУРИ ГИ НАПАДНАА И НЕЈЗИНИТЕ ДЕЦА

0
1473

Смрдла, љубовница, стара а во љубовна врска – погрдни и навредувачки зборови во статуси кои се однесуваат на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска беа објавени на социјалната мрежа фејсбук.

Во објави кои навредуваат по многу основи уште еднаш за жал се огледа реалноста – луѓе зад лажни профили шират омраза на социјалните мрежи не внимавајќи за ниту една вредност, најмалку за повредата на личноста, на семејството, децата.

Откако ги објави статусите јавно синоќа, денеска бран на поддршка од колеги , јавни личности, новинари стасаа на профилот на портпаролката.

На една од сликите кои ги објавил „сеачот“ на омраза е и едно од двете деца на Кузеска.

„Еден од многуте примери на тоа што може да ѝ се случи на една жена која има јавна професија и професионално си ја извршува работата: навреди за неа и нејзините блиски, ејџизам, клевети, коментари за нејзиниот љубовен живот и закани во приватни пораки. Сигурни сме дека она што го проживува Богданка Кузеска во моментов е само почеток на родово базираниот говор на омраза кој ќе го посведочиме во предизборниот и изборниот период. Фактот што една жена има јавна функција, на никој начин не е изговор за нејзиниот приватен живот да биде споделуван, коментиран ниту осудуван. Даваме поддршка на Богданка Кузеска и будно ќе го следиме изборниот период. Нула толеранција за родово базиран говор на омраза, напиша на фејсбук денеска Санела Шкриељ, заменик министерката за труд и социјална политика.

На поддршката се заблагодари Кузеска.

„Ќе бидам искрена и ќе кажам дека неколкупати помислив дека згрешив што објавив јавно, поради неколку причини, а дел ги спомнавте и вие во коментарите. Но, од друга страна, зошто би дозволиле молчеливо да се шири омраза? Веруваме дека така ќе престанат, а со нив и омразата?

Лично, секогаш сум гласен противник на вакви напади и сум била и секогаш ќе стојам во одбрана на личноста која е избрана мета, без разлика дали е жена, маж, без разлика на политичката определба, сексуална определба, националност, вера… а која во вакви ситуации ја нарекуваме “жртва”.

Но, не, не сум јас жртвата. Вистинската жртва е тој што живее со омраза, гнев и желба да напакости. Тие се најголемите жртви, затворени во својот свет на злоба во кој сакаат да повлечат и други, напиша Кузеска.