ВМРОВЦИТЕ СЕ КАЗНА БОЖЈА ЗА МАКЕДОНИЈА, САМО ШТЕТА ОД НИВ, НИКАКВА КОРИСТ: Пола фамилија на Антоњо Милошоски на државна цицка!

0
1435

Портпаролот на СДСМ, Констадин Костадинов истакна дека тие ги повикале ннивните членови на етика и морал, а веќе има и повлекувања од работните места, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои не презеле одговорност пред граѓаните. СДСМ обвинува дека пратеникот Антонијо Милошоски е класичен пример за непотизам.

„Повикај ги Мицкоски пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да побараат повлекувања од нивните роднини кои се пикнати по државни компании и во јавната администрација. Повикај ги роднините на пратеникот Антонио Милошоски да се повлечат“, рече Костадинов.

Тој обелодени дека снаата на пратеникот Антонијо Милошоски, жена на неговиот брат, Александра Милошоска била вработена во Управата за јавни приходи, вујкото на Милошоски, Владимир Коруновски е вработен во Агенцијата за катастар, братучедот на Милошоски пак, Станко Коруновски е вработен во Централен Регистар, а првата брачудетка на Милошоски, Елизабета Коруновска е директор на основно училиште, додека зетот Марјан, е раководител во државната компанија МЕПСО.

„Фамилијата на Милошоски е класичен пример за непотизам од сериозни размери. Роднински јазли поставени на работни позиции кои се финансираат од парите на граѓаните, од Буџетот на државата. Ајде ВМРО-ДПМНЕ, ајде Мицкоски, имаш ли образ? Повикај да се повлечат твоите роднини и роднините на Антонио Милошоски од морални и етички причини“, рече Костадинов.

Додаде дека СДСМ ја слуша јавноста и реагира, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кое се крие во
белиот дворец откако натрупа проблеми во државата.