ВМРОВЦИТЕ ПРАВАТ ПАНИКА ШТО МАНАСТИРИ ЗАКОНСКИ ЌЕ СЕ БАВЕЛЕ СО МЕДИЦИНСКА МАРИХУАНА, А МОЖАТ ДА ИМАТ МЛЕКАРСКИ ФАРМИ?!

0
1348

Монахињата на МПЦ, Сара, со родено презиме Еленова е еден од основачите на најновата компанија со лиценца за производство на марихуана, нејзин бизнис партнер е адвокатот на премиерот Зоран Заев, Ване Андреев од Струмица, открива порталот Лидер.

Според нашите извори монахињата важи за личност која е исклучително блиска со владиката од Струмица на МПЦ, господин Наум. Всушност, таа и е монахиња во манастир под негова контрола. Сара важела и за личен асистент на Наум.

-Ова значи дека Заев преку својот адвокат и владиката Наум преку својата монахиња влегуваат во заеднички бизнис. Тоа нормално, не е по прв пат – вели нивниот извор кој доаѓа од Македонската Православна Црква и веќе подолго време е во конфликт со владиката Наум.

Вчера, „Економски Лидер“ објави дека уште една компанија за производство на марихуана добива семејниот картел на премиерот Зоран Заев. Деновиве, беше формирана нова компанија, со назив „Канабис ОНЕ Доо Струмица“, во која како еден од сопствениците се јавува лице, тесно поврзано со премиерот Зоран Заев…

Целиот текст можете да го прочитате на ЛИДЕР.МК

Чудна е оваа паника на ВМРО-вците ако се знае дека одгледувањето медицинска марихуана сега е овозможена со закон, а од друга страна на манастирите не им е забрането да се бават со бинзис, па многу манастири се финансираат и дури ја финансираат и МПЦ со разни млекарски фарми на своите манастири каде монасите одгледуваат прва класа сирење и кашкавал како и други земјоделски производи од што ги финансираат своите манастири и цркви.

Инаку вековна традиција на сите манастири во Европа е одгледување на кашкавал и вино, најдобрите вина во Европа со векови ги правеле токму монасите во манастирите во Европа и Италија…

Нашите сега ќе прават и медицинска марихуана со што ќе заработат милиони евра со кои ќе ги реставрираат манастирите, црквите, што е тука спорно?!?!